2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловните инвестиции ги издигнаа САД

Деловните инвестиции ги издигнаа САД

Американската економија во третиот квартал оствари поголем раст од првично проценетиот, забележувајќи ја набрзата стапка на раст во последните три години.

Бруто домашниот производ (БДП) на САД, според податоците на владата во Вашингтон, порасна за 3,3 проценти во периодот јули-септември на годишно ниво, што е повеќе во однос на претходно проценетиот раст од 3,0 проценти, покажаа објавените официјални податоци, пренесува агенцијата АП.

Тоа е најбрзата стапка на раст од 2014 година и забрзување во однос на растот од вториот квартал од 3,1 проценти, а резултатот е зголемени деловни инвестиции кои го неутрализираа бавниот раст на приватната потрошувачка.

Деловните инвестиции во тој период пораснале за 7,3 проценти на годишно ниво, што е најголемиот скок од крајот на 2016 година.

Истовремено, приватната потрошувачка, која сочинува 70 проценти од економските активности на САД, порасна по годишна стапка од дури 2,3 проценти, што е пад во однос на растот од 3,3 проценти од вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП