25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата во Швајцарија бележи најбрз раст од почетокот на 2015-та

Економијата во Швајцарија бележи најбрз раст од почетокот на 2015-та

Економијата на Швајцарија во последниот квартал се зголеми со најбрзо темпо откако земјата го укина ограничувањето на својата валута, пренесува „Bloomberg“.

Извозот го поддржа растот, укажувајќи на тоа дека економијата има позитивни несакани ефекти од порастот на еврозоната. Регионот со единствена валута, кој е најголемиот трговски партнер на Швајцарија, расте со брза стапка од пред една деценија.

Инвестициите се зголемија во текот на кварталот, како и потрошувачката и владините трошоци, објави државниот секретаријат за меѓународни економски прашања. Бруто домашниот производ се зголеми за 0,6% во кварталот, по растот од 0,4% во претходните три месеци. На годишна основа, растот на БДП-то во третиот квартал изнесуваше 1,2%.

„Тоа конечно е пристоен резултат кој одговара подобро на оптимистичките расположенија, кои ги гледаме“, вели Александар Кох, економист во „Raiffeisen Schweiz“, додавајќи дека податоците за поединечните компоненти покажуваат дека инерцијата се шири низ повеќе сектори.

Извозот е поддржан и од слабиот франк, кој поевтини за околу 8% во однос на еврото оваа година. Економијата помина низ пад во почетокот на 2015-та година, кога Швајцарската централна банка се откажа од минималниот девизен курс, што ја зголеми вредноста на франкот со 41% во однос на единствената валута.

„Во моментов обновата се должи во голема мера на силната динамика при извозот, но во предвид стабилната глобална економија и зголемената искористеност на капацитетот обновата на извозот би требало да ја стимулира и локалната економија“, вели Кох.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП