27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Финансискиот систем е стабилен, но се закануваат проблеми“

„Финансискиот систем е стабилен, но се закануваат проблеми“

Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека економскиот раст ја одразува стабилноста на банките и пазарите во 19-те земји на еврозоната.

Меѓутоа, ЕЦБ предупреди и дека се поголемите ризици на инвеститорите можат да донесат проблеми во иднина.

ЕЦБ вчера го издаде двегодишниот извештај за стабилност кој има за цел да ја извести јавноста и владините претстаници за потенцијалните проблеми кои можат да ја попречат економијата.

Во извештајот се наведува дека закрепнувањето на еврозоната „ја поддржува финансиската стабилност“ и дека не е раширена пренапумпаноста на вредноста на финансиските пазари во земјите кои го користат еврото.

Пазарите и понатака се осетливи на нагли пресврти ако инвеститорите примат лоши вести кои ги менуваат перспективите за ризик, се наведува во извештајот и се додава дека се поголемите ризични инвестирања на финансискиот пазар можат „да посејат семе за голема корекција на цените во иднина“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП