17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно, наместа дожд, максималната температура до 16 степени

Денес облачно, наместа дожд, максималната температура до 16 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со врнежи од дожд, кои на крајниот запад ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и релативно топло со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува засилен јужен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 10 степени.

Времето утре ќе биде облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во сабота во источните делови ќе има обилни врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Снег ќе има само на високите планини. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и околу 100л/м2 дожд. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат локални, а температурите ќе бидат во опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП