4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлон Маск е творецот на Биткоин валутата?

Илон Маск е творецот на Биткоин валутата?

Поранешниот работник во Space X напиша блог во кој тврди дека Илон Маск е веројатно пронаоѓач на криптoвалутата Биткоин. Маск брзо реагираше и рече дека е лага дека го дизајнирал биткоинот и дека стои зад псевдонимот “Сатоши Накамото”.

Дебатата почна да се шири на интернет кога се појави документот во 2008 година, со детален план како би се развивал биткоинот. Планот првично беше дизајниран од таканаречениот Сатоши Накамото. Но, кој е човекот или кој стои зад името Сатоши Накамото, сè уште не е познато.

Сахил Гупта, поранешен приправник во компанијата на Маск, на неговиот блог претпоставува дека “Сатоши” најверојатно е “Илон”.

Како што рече, Маск може да стои зад таа дигитална валута бидејќи длабоко ја разбира економијата и нејзините проблеми, како и дефектите, но исто така знае програмирање и генерално е “сестран”.

Поранешниот приправник вели дека Маск веројатно сакал да го лансира биткоинот во 2008 година за време на глобалната криза и можеби сакал да го реши недостатокот на доверба во банките преку создавање нова валута.

Во блогот, Гупта има изнесено и неколку други докази кои се верува дека укажуваат на тоа дека креаторот на биткоинот е Маск.

Маск ги демантираше гласините и рече дека тој дури и загубил еден биткоин кој му го подарил еден пријател пред неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП