18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје се гуши, висока загаденост и во другите градови

Скопје се гуши, висока загаденост и во другите градови

Синоќа во Скопје и во другите градови низ Македонија тешко се дишеше. Мерните станици измерија висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот.

Вчера вечерта во Скопје мерните станици измерија загадување и до 8 пати повисоко од дозволеното.

Како по обичај, поради фактот што во Лисиче поголемиот дел од населението се загрева на дрва и останати неконтролирани материјали, синоќа вечерта беше екстремно загадено. Околу 20 часот мерната станица измери 444 мигрограми на метар кубен, што е за 8 пати повисоко од дозволеното.

Во Карпош беа измерени максимални 211 микрограми, додека Центар околу 23 часот беа измерени максимални 223 микрограми на метар кубен.

Ништо подобро не беше ни во останатите градови низ Македонија.

Во Битола беа измерени максимални 292 микрограми на метар кубен, во Тетово 232, Кичево 203 микрограми на метар кубен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП