3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредит за набавка на тоалетна хартија

Кредит за набавка на тоалетна хартија

toaletna1

Собранието на Венецуела одобри кредит од 79 милиони долари за увоз на тоалетна хартија и останати средства за лична хигиена.

Со ова локалната самоуправа се обидува да го надокнади недостигот на производи во земјата, која е богата со нафта.

Венецуела, која е членка на ОПЕК, има најголеми потврдeни залихи на нафта во светот, но во земјата повремено се случува недостаток на одредени видови на стока, од кога владата на поранешниот претседател Хуго Чавез во 2003 година донесе политика за контрола на цените.

„Постојано ја осудуваме стратегијата за таложење на стоки и шпекулации, како и кампањата за ширење на теророт меѓу младите луѓе, поради што тие купуваат компулсивно и во страв“, изјави претседателот на владеачката партија Хозе Авила.

Кредитот ќе биде искористен за набавка на 39 милиони ролни тоалетна хартија, 50 милиони кутии хартиени крпи, 10 милиони пакети сапун, 17 милиони еднократни пелени и 3 милиони пакувања паста за заби.

Властите на оваа земја ги обвинуваат опозициските сили и САД за поткопување на социјалистичката револуција, која ја предводеше Чавез.

Венецуела е остро поделена откако наследникот на Чавез, Николас Мадуро беше прогласен за победник на претседателските избори, кои се одржаа минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП