9 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИГазпром планира да постави рекорд за извоз на гас во оваа година

Газпром планира да постави рекорд за извоз на гас во оваа година

„Газпром“ планира до крајот на оваа година да достави во странство рекордни 192 милијарди кубни метри гас. Ова го изјави на средба со рускиот претседател Владимир Путин шефот на рускиот гасен гигант Алексеј Милер, цитиран од агенциите.

„Што се однесува до извозот, ако се задржи трендот кој го гледаме во текот на изминатите 11 месеци, а за овој период сме испорачале во странство 13,5 милијарди кубни метри повеќе отколку за истиот период минатата година, така „Газпром“ ќе ги оствари рекордните во историјата 192 милијарди кубни метри гас за 2017-та година“, рече Милер.

Производството на гас, според него, се очекува да се зголеми за 12% на годишно ниво до 470 милијарди кубни метри.

Милер додаде дека на крајот на годината капацитетот на „Газпром“ ќе биде над 550 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП