1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе инвестира 1 милијарда евра во борбата против загадувањето на воздухот

Германија ќе инвестира 1 милијарда евра во борбата против загадувањето на воздухот

Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека федералната влада ќе обезбеди 1 милијарда евра за градовите во земјата во 2018-та година за да го направи нивниот сообраќај еколошки, објави „Асошиетед прес“.

Средствата ќе бидат инвестирани во изнаоѓање сообраќајни решенија за намалување на загадувањето на воздухот.

Многу градови во Германија воведуваат забрани за автомобили, бидејќи загадувањето на воздухот често ги надминува максималните дозволени нивоа поради високите нивоа на штетни емисии на автомобилите.

Средствата, исто така, ќе бидат инвестирани во електрични автобуси, станици за полнење и во патна инфраструктура за животната средина.

Германската министерка за животна средина, Барбара Хендрикс, ја пофали иницијативата како прв важен чекор, но ја повика автомобилската индустрија, исто така, да го поддржи акциониот план на владата.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се сретна со претставници на општините и федералните провинции за мерките за борба против загадувањето на воздухот во големите градови од дизел автомобилите, објави електронското издание на весникот „Велт“.

Се очекуваше на состанокот да се формира фонд со обем до 1 милијарда евра за да се избегне забранување на движењето на стари дизел автомобили.

Останува прашањето за финансискиот придонес на производителите на автомобили во фондот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП