15 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботите работа која не ја сакате? Последиците се поразителни

Работите работа која не ја сакате? Последиците се поразителни

Лоша работа е онаа која е досадна, под вештините кои вработените ги поседуваат или работа која е нестабилна.

Треба да ја работиш работата која ја сакаш – тоа не е фраза, туку факт кој е потврден со се повеќе истражувања.

Уште една студија објавена на оваа тема покажува како неквалитетната работа може да има далеку поголеми последици на здравјето и општото чувство на незадоволство од невработеноста, пренесува Харперс базар.

Истражувањето ја дефинира за лоша работа онаа која е досадна, под вештините кои работникот ги поседува или работата која е нестабилна.

„Лицата кои си пронашле оптимално вработување покажале значителен напредок во своето ментално здравје во однос на лицата кои останале невработени, но лицата кои пронашле вработување со лош квалитет покажале значително влошување на менталното здравје во однос на оние кои останале невработени“, вели авторот на студијата Питер Бутерворт.

Во текот на спроведувањето на истражувањето, работните места се подредени по психосоцијални елементи: во кој степен нудат контрола, слобода и разновидност. Имено, резултатите покажаа дека токму психосоцијалниот квалитет на работното место одредува колку вработениот е среќен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП