28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена годишната добивка на IKEA

Намалена годишната добивка на IKEA

Шведската „IKEA Group“ објави вчера дeка ја заклучила фискалната година со оперативна добивка помала за една третина поради продажбата на одделни подружници и инвестирања.

Во фискалната година која заврши во август најголемиот светски ланец на продавници за мебел забележа оперативна добивка од три милијарди евра, што е за 33,3 проценти помалку отколку една година претходно кога групацијата продаде подружници за развој на производи, производство и достава на сопственикот на брендот „Inter IKEA“.

Според податоците од крајот на август, „IKEA Group“ е најголема меѓу вкупно 11 корисници на франшиза и управува со 355 продажни центри на „IKEA“. Корисниците и плаќаат на „Inter IKEA“ средства во висина од три проценти од годишните приходи.

„Главната причина за падот на оперативната добивка е изгубената добивка на продадените компании како и растечките трошоци во одделот за малопродажба поради растот и ширењето во повеќе канали“, порачаа од „IKEA Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП