1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД во проблеми: Дефицитот растe, залихите паѓаат

САД во проблеми: Дефицитот растe, залихите паѓаат

Дефицитот на САД во трговијата со стока со остатокот од светот значително е зголемен во октомври, а залихите се намалени, покажаа објавените податоци.

Ова, како што оценува агенцијата Ројтерс, би можело да го загрози проектираниот силен економски раст на САД во четвртиот квартал.

Трговскиот дефицит на САД порасна за 6,5 проценти на 68,3 милијарди долари минатиот месец, поради скокот на увозот на индустриски производи, потрошувачките и друга стока, соопшти американското Министерство за трговија.

Извозот е намален за 1,0 проценти поради падот на испораките на храна, моторни возила, капитална и потрошувачка стока.

Најновите податоци би можеле да влијаат на тоа економистите да ги намалат проценките за раст на бруто домашниот производ на САД за четвртиот квартал, кој, како што сега проценуваат, би требало да биде во распон од 2,5 до 3,4 проценти на годишно ниво, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП