19 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Енекод" нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените...

“Енекод” нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените во “Фени”

Бугарски „Енекод “ утрово писмено ги известил банките дека не е во можност да исплати плати на вработените во „Фени“. Доцна синоќа банките дале рок на бугарската компанија заинтересирана за фабриката да исплати плати пред почетокот на рочиштето за стечај, закажано за денеска во 12 часот.

„Банките доверители ја информираат јавноста и вработените во ‘Фени’ дека утрово добија е-пошта од господинот Рајчо Кацаров од ‘Енекод’ со кој, покрај писмено доставување на понудата за преземање на ‘Фени’, известуваат дека во врска со поставениот предуслов од страна на банките доверители, нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените“, известија банките.

Бугарската компанија синоќа усно им дала нова понуда за преземање на фабриката, а банките ги условиле да ја достават во писмена форма до почетокот на денешното рочиште за отворање стечај, да ја исплатат платата на вработените.

Условот не е исполнет и банките остануваат на ставот да се отвори стечај за фабриката кој ќе значи реструктуирање и рестартирање со нов инвеститор.

Банките најавија дека веќе имаат понуда од заинтересиран инвеститор, кој е подготвен веднаш по отворање на стечајната постапка да депонира 3 милиони евра во банка во Македонија, со цел подмирување на неодложните обврски и трошоци во постапката, вклучувајќи ги и платите на  вработените и другите обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП