13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради дефект без парно строгиот центар на градот

Поради дефект без парно строгиот центар на градот

Поради дефект на топловодна мрежа кај ТЦ „Палома Бјанка“, прекината испораката на топлинска енергија во објекти во строгиот центар на градот

Од БЕГ известуваат дека поради дефект на топловодна мрежа кај ТЦ „Палома Бјанка“, без греење од утринава се корисниците на следните објекти: Македонија 11, Македонија 11а, Македонија 15, Македонија 17, Македонија 17а, Македонија 2, Даме Груев 14, Даме Груев 14а, Димитрие Чуповски 7, Димитрие Чуповски 11, Ѓуро Стругар 11а.

Екипите на Дистрибуција со топлина „Балкан Енерџи“ се на терен и забрзано работат на санација на проблемот. Според проценката, се очекува во најбрз рок да се нормализира испораката на топлинска енергија.

Од компанијата за дополнителни информации ги повикуваат потрошувачите да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП