21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес претпладне сончево, попладне облачно

Денес претпладне сончево, попладне облачно

Времето денеска претпладне сончево, а попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен јужен ветер, а попладне и до крајот на денот и во Скопската котлина ќе се прошири облачност од запад. Температура до 7 степени.

Облачно со врнежи од дожд, кои претпладне ќе ги има во западните, а до крајот на денот и во останатите делови од земјава. На крајниот запад врнежите ќе бидат обилни. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, што ќе услови релативно високи дневни температури.

Под влијание на влажна и релативно топла воздушна маса подрачјето на Македонија ќе се задржи од утре до сабота. Утре врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови, а од петок обилни врнежи се очекуваат речиси насекаде. Снег ќе има само на планините повисоки од 2000 метри надморска височина. Во сабота можно е врнежите да бидат проследени и со грмежи.

Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и над 100л/м2 дожд.

Во недела се уште ќе има врнежи од дожд, но тие ќе бидат полокализирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП