5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредлог за основање на специјализирана национална математичка гимназија

Предлог за основање на специјализирана национална математичка гимназија

Владата на вчерашната седница ја разгледа информацијата за основање специјализирана национална математичка гимназија во Скопје и го задолжи Министерството за образование и наука да подготви анализа и да достави предлог со активности за нејзино основање.

На оваа 40-та редовна седница Владата ја разгледа информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за зимата 2018 година. Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 5 дена да донесе процедура за реализација на проектот за користење на услугата за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за време на зимскиот распуст во учебната 2017/2018 година.

По предлог на Министерството за образование и наука на денешната седница Владата ги разгледа информацијата за резултатите што ги постигнале учениците од Македонија во меѓународните програми за оценување (PISA и TIMSS) и реформите што произлегуваат од постигнатите резултати, како и информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Намалување на партиципацијата за 50 отсто на студентите од самохрани и еднородителски семејства“.

Владата вчера ја прифати ургенцијата по иницијативата за измена и дополнување закони и други подзаконски акти доставена од Народниот правобранител на Република Македонија со цел спречување на последиците од склучување малолетнички бракови.

Како што информираат од Владата, усвоена е и информацијата за одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во однос на состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот Регион и го задолжи Министерството за култура да формира работна група со цел изработка на акциски план за постапување по одлуките што произлегуваат од 41. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП