25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг: Меѓу стоте најбогати на светот, само 11 жени

Блумберг: Меѓу стоте најбогати на светот, само 11 жени

zena

На листата на Блумберг на сто најбогати во светот има само 11 жени како што се Кристи и Алисон Волтон и Лилијан Бетанкур.

Најбогата жена на светот е Кристи Волтон, која ја зазема деветтата позиција на листата најбогати.

Богатството на вдовицата на Џон Волтон, син на Сем Волтон основач на „Волмарт“, во чија сопственост се 12 отсто од акциите на компанијата, се проценува на 37,7 милијарди долари.

„Волмарт“ е трета најголема компанија на светот по вкупните годишни приходи, која почна да работи во 1962 година со една продавница, а сега има над 5.000 ширум светот.

Втора најбогата жена на светот е Алис Волтон, јатрва на Крис Волтон, чие богатство се проценува на 34,6 милијарди долари, што ја сместува на 12-то место на листата на најбогати.

Трета најбогата жена на светот, воедно и единствена Французинка на таа листа е 90-годишната Лилијан Бетанкур, наследничка на козметичката куќа „Лореал“, чие богатство се проценува на 30 милијарди долари.

Американката Жаклина Марс (68) е четврта најбогата жена во чии раце е втората најголема компанија за производство на слатки „Марс Инк.“, чие богатство се проценува на 21,9 милијарди долари.

На петто место е Чилеанката Ирис Фонтбон со 19,9 милијарди долари во чие сопствеништво по смртта на нејзиниот сопруг се рудници за бакар.

На листата се и Џорџина Рајт со 17 милијарди долари, Германката Сузан Клатен со 14,3 милијарди долари и 12,6 отсто учество во компанијата БМВ, како и Миучија Прада, внука на основачот на модната куќа „Прада“ со богатство од 12,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП