2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРозов дијамант во Хонгконг продаден за 32 милиони долари

Розов дијамант во Хонгконг продаден за 32 милиони долари

Дијамантот „Розово ветување“ е продаден денеска 32,16 милиона долари на аукција во Хонгконг. Дијамантот, кој има 14,93 карати, го купи неименувано лице кое упати понуда преку телефон, што беше дочекано со аплауз во салата.

Аукциската куќа „Кристи“ соопшти дека ова е втора по висина платена цена за карат за еден розов дијамант веднаш зад петкаратниот розов дијамант кој во 2009 година беше продаден во Хонгконг 10,78 милиони долари.

Проценетата цена на дијамантот била 42 милиона долари, но не е постигната. Апсолутниот светски рекорд е постигнат порано оваа година кога огромен дијамант „Розова ѕвезда“ беше продаден од аукциската куќа „Сотби“ за 71,2 милион долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП