7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на катастарските услуги се намалуваат од 28 до 90 насто

Цените на катастарските услуги се намалуваат од 28 до 90 насто

На вчерашната седница Владата ја усвои информацијата на Агенција за катастар на недвижностите за изменување и дополнување на тарифникот за висина на надоместокот за повеќе услуги на катастарот. Со предложените измени цените на услугите на Агенција за катастар на недвижностите за разни услуги се намалуваат од 28 до 90 отсто.

На седницата Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за состојбата и напредокот во процесот на европска интеграција и го задолжи Секретаријатот за европски прашања веднаш да достави листа на закони, стратегии, планови и програми од планот 3-6-9 со насоки како оперативно средство за следење на неговата реализација.

Како дел од точката за состојбата и напредокот во процесот на европска интеграција на седницата одржана вчера, Владата ја разгледа информацијата „Инвестициска рамка за Западен Балкан“, како и информацијата „Единствена листа на секторски инфраструктурни инвестициски проекти“, како заедничка иницијатива со Европската комисија за спојување на средствата на ЕК од разни донатори и меѓународните финансиски институции за финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан.

Министрите денеска ја разгледаа и ја усвоија и информацијата за преземените активности за склучување меѓувладин договор за имплементација на FATCA-режимот во Република Македонија и за позициите на САД во однос на потребата од склучување договор со Република Македонија за усогласување на даноците по странски сметки (Foreign Account Tax Compliance Act -FATCA), кој има цел да го спречи затајувањето на данокот од страна на американските даночни обврзници кои имаат сметки во странство.

На вчерашната седница Владата да ја усвои информацијата во врска со активностите што ги презема Република Македонија кон Бернската конвенција за развој на хидроенергетски проекти на територијата на Националниот парк Маврово во Република Македонија. Владата го задолжи Кабиентот на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, д-р Кочо Анѓушев, да формира работна група со цел да ги следи активностите за Бернската конвенција и да ги подготвува извештаите кон Конвенцијата.

Тргнувајки од информацијата за квалитетот на воздухот во Република Македонија за октомври 2017 година и од извештајот за работата на интерресорската група составена од 17 државни институции и граѓански еколошки организации, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерство за здравство да ѝ ги соопшти на јавноста препораките и мерките што ќе се применуваат при надминување на прагот на алармирање на одредена загадувачка супстанција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП