3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален бројот на новороденчиња во третиот квартал

Намален бројот на новороденчиња во третиот квартал

Во Македонија во третиот квартал годинава имало 5.866 живородени деца, што е намалување од 7,7 отсто во споредба со истиот период лани, соопштија од Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје годинава бележи раст од 3,4 отсто во споредба со минатата година и изнесува 4.823 лица, од кои 64 се умрени доенчиња. Со тоа природниот прираст за овој период изнеснува 1.043 лица.

Во третиот квартал биле склучени и 4.670 брака, што е зголемување од 8,2 отсто во споредба со минатата година, а зголемен е и бројот на разводи. Имало 399 разведени брака, 27,1 отсто повеќе од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП