27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоверителите и Атина преговараат за третиот преглед на програмата за спасување

Доверителите и Атина преговараат за третиот преглед на програмата за спасување

Кредиторите и претставниците на грчките власти продолжија со разговорите за третиот преглед на програмата за спасување, објави „Катимерини“. Има напредок во разговорите за очекуваната онлајн аукција за хипотекани имоти, велат извори.

Првата таква аукција ќе се одржи во среда (29-ти ноември).

Темата за Грција и прегледот на програма за спасување ќе се дискутираат на состанокот на Еврогрупата, неформалната организација на министрите за финансии на еврозоната, следната недела.

Грчката влада е оптимист дека разговорите ќе се затворат брзо и ќе има предлог за меѓуинституционален договор пред празниците, иако постојат некои разлики во ставовите на двете страни.

Во Министерството за труд, агендата е престанок на понатамошните придобивки, како и промена на правилата за штрајкови на национално ниво. До крајот на оваа недела, ќе биде јасно кои промени во законодавството се во тек.

Постигнувањето предлог-договор, дури и на меѓуинституционално ниво, претставува голем предизвик, пишува „Катимерини“. Проблемот е што Атина во оваа фаза исполнила само 30 отсто од реформите очекувани од страна на доверителите. Ако двете страни се во можност да се согласат, Грција ќе има извесно време да ги направи неопходните промени – до 22-ри јануари 2018-та година, кога ќе се одржи следниот состанок на Еврогрупата.

Со постигнувањето договор за ревизија, Грција ќе обезбеди транша од 5,5 милијарди евра за програмата за спасување. Со овие средства, земјата ќе ја обезбеди својата ликвидност се додека не може целосно да се врати на пазарите на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП