28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 прашања и одговори кои ќе ви помогнат да сфатите каде грешите

5 прашања и одговори кои ќе ви помогнат да сфатите каде грешите

Прочитајте ги следните пет прашања и разберете што ве „кочи“ во настојувањето да постигнете успех.

Целта не ве инспирира доволно?

Кога некој ќе си постави цел пред себе, воглавно замислува некои работи, одреден износ на пари, некој предмет или одредено достигнување – напишана книга или снимен албум. За жал, тие работи не се главното нешто што не мотивира. Недостасуваат позитивни емоции поради кои, всушност, тие работи и ги сакаме.
Целта замислете ја сосема различно. Замислете се како ќе се чувствувате кога ќе ја постигнете целта.

Се плашите од неуспех?

Ако се плашите од неуспех, нема да бидете подготвени за ризиците кои се потребни за постигнување на целта. На пример, нема да го направите тој важен телефонски повик бидејќи се плашите дека ќе ве одбијат. Или не сакате да ја промените работата и да започнете сопствен проект бидејќи се плашите дека би можеле да останете без денар во џебот. Одлучите – токму сега – дека неуспехот е, ако дојде до него, привремена состојба.

Се плашите од успех?

На многу начини овој страв ве ослабнува дури и повеќе од неуспехот. Да претпоставиме дека сте постигнале нешто спектакуларно, како што е огромно богатство. Што ако тоа не ве прави среќен? Што понатаму? Што ако на крајот изгубите се? Што ако вашите пријатели почнат да се однесуваат чудно?
Наместо да се фокусирате на можните проблеми, замислете колку би било убаво да им помогнете на пријателите и семејството.

Имате нереални планови?

Многу луѓе во голема мера го преценуваат она што можат да го направат за една недела и во голема мера го потценуваат она што можат да го направат за една година. Поради тоа многумина се обидуваат да направат премногу во краток период, наместо силата да си ја распоредат долгорочно.
Составете листа за се што ви е потребно за да ја постигнете целта.

Лесно ја губите мотивацијата?

Да претпоставиме дека се обидувате да совладате одредени вештини. Можеби сте постигнале брз напредок на почеток, но потоа, по некое време, ви се чини дека не ви оди најдобро, а можеби дури и се враќате назад. Некои луѓе сметаат дека ова е изговор да се откажат од се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП