19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAсфалтиран дел од локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4, во општина Илинден

Aсфалтиран дел од локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4, во општина Илинден

Во рамките на комплетната рехабилитација на локалниот пат н.м. Кадино-клучка Автопат А-4, во општина Илинден, извршено е асфалтирање на дел од патот во должина од 300 метри, соопшти Општина Илинден.

Од општината појаснуваат дека покрај поставувањето на нов асфалт, со цел зафаќање на атмосферските води од коловозот, формирани се нови канали за одведување на атмосферските води од двете страни на коловозот. Истовремено се поставени и цевкасти бетонски пропусти.
Со рехабилитацијата на овој фрекфентен патен правец се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од Општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација.

Илиден ја издвои безбедноста на учесниците во сообраќајот како еден од приоритетите во работењето на општината, поради што, како што велат, континуирано се инвестира во изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, како и во изградба и реконструкција на пешачки и велосипедски патеки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП