19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ја мина границата од 10.000 долари

Биткоинот ја мина границата од 10.000 долари

Биткоинот денес за прв пат ја надмина вредноста од 10.000 долари, додека и натаму расте стравот од пазарниот „балон“ околу оваа дигитална валута.

За еден биткоин утрово можеше да се добијат 10.035 долари на берзата „ЦЕКС“. Пред само еден месец, една дигитална валута вредеше 5.000 долари.

Нил Вилсон, пазарниот аналитичар во компанијата „И-Ти-Екс капитал“, рече дека институционалните вложувачи и натаму ја држат дигиталната валута.

„Цените сигурно се „балон“ – луѓето купуваат само поради шпекулативни причини, а тогаш треба да бидете загрижени, затоа што тоа е потполно неодржлив „балон“, вели Вилсон.

Тој додаде дека е тешко да се разбере дали ова и натаму е фаза на раст или ситуацијата премина во еуфорија.

Вилсон напомена дека цената на биткоинот се уште не ја достигна вредноста од 10.000 долари на останатите берзи, што укажува на незрелост на овој пазар, кој во целост е децентрализиран и нерегулиран.

Шефот на „ЏиПи Морган“ Џејми Димон тврди дека биткоинот е измама и дека поради глупости да го пушти во „оган“ секој што тргува со дигиталната валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП