ПочетнаЕКОНОМИЈАСо Кинa склучени седум договори за трговија

Со Кинa склучени седум договори за трговија

Склучени се седум договори за трговија на македонски со кинески компании на Б2Б средбите во рамки на Економскиот и трговски форум на шестиот Самит на шефовите на Влади на Кина и шестнаесет земји од централна и источна Европа, информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Компаниите кои ги склучија договорите како резултат на конкретно вмрежување доаѓаат од секторите земјоделство, градежништво, автомобилска индустрија, проектирање и планирање.

„Договорите значат промоција, унапредување и зацврстување на билатералната бизнис-соработка. За првпат целиот бизнис-форум беше реализиран преку договорени средби на компаниите од НР Кина и 16 земји од ЦИЕ. Како резултат на напорните четири месеци работа во изминатиот период, договорите се круна на остварената соработка. Ни следи голем проект за економска соработка со НР Кина и земјите од ЦИЕ со фокус на примена на високи технологии во повеќе сектори како ИКТ, земјоделство, здравство, животна средина“, изјави Данела Арсовска од ССК и додаде дека уште од следната недела се очекува да почне реализација на договорите со цел зголемување на соработката.

Покрај трговијата, се очекува и директните инвестиции а бидат главен двигател на економската соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од ЦИЕ. Во 2016 година по однос на вкупната надворешно-трговска размена, Кина е седмиот трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена минатата година, според официјалните статистички податоци, изнесувала 469 милиони американски долари. Притоа, остварен е извоз во вредност од 47,8 милиони долари, а увоз од 421,2 милиони американски долари.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП