18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCyber Monday во САД донесе рекордна продажба

Cyber Monday во САД донесе рекордна продажба

Продажбата во рамките на т.н. „Cyber Monday“ (понеделникот по Денот на благодарноста во САД) е на пат да генерира приходи од 6,59 милијарди долари, покажа истражувањето на „Adobe Insights“ од понеделникот вечерта, цитирано од „CNBC“.

Оваа прогноза ќе претставува зголемување од 16,8% во споредба со минатата година, објаснува „Adobe“.

Компанијата проценува 80% од онлајн трансакциите на 100 големи американски компании за трговија на мало.

Првично „Adobe“ прогнозираше вкупните онлајн трошоците да го поминат износот од 6,5 милијарди долари, што би било доволно за да го претвори „Cyber Monday“ во најголемиот ден за дигитален шопинг во историјата на САД.

Најверојатно, „Amazon“ ќе собере поголем дел од приходите, со што компанијата очекува да има 42 отсто од сите онлајн продажби, според пресметките на „Slice Intelligence“.

Рекордни 5,03 милијарди долари се потрошени онлајн во САД за време на „Black friday“, што е за 17 отсто повеќе од минатата година. Најпродаваните производи на овој ден ги вклучуваат „Nintendo Switch“, „Hatchimals“, „L.O.L. Surprise“ и мобилни автомобили за деца.

Во понеделникот, повеќе играчки, рачна електроника и облека пронајдоа нови сопственици.

Истовремено во саботата и неделата ситниот бизнис реализирал онлајн продажба за вкупно 5,12 милијарди долари, што е за 10% повеќе од една година порано, додава „Adobe“.

Општо земено, повеќето договори за време на оваа сезона се генерираат преку паметни телефони и други мобилни уреди, додека десктоп купувањата се помалку моќни.

„Луѓето навистина дознале како да ги користат своите мобилни уреди“, вели Мики Мерикел, потпретседател на одделот за маркетинг на „Adobe“, за време на учеството во преносот „Squawk Alley“ на „CNBC“.

„И трговците на мало разбираат како да се оптимизираат … за мобилните уреди“, додава таа, „гледаме дека двете страни наоѓаат заедничка поента“.

Прашањето е колку долго „Cyber Monday“ ќе биде толку силен. И долгиот викенд, кој започна на Денот на благодарноста во четвртокот, им донесе на онлајн трговците многу раст. Во текот на изминатите четири дена, приходите се зголемија за 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП