8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија експресно расте, скок за дури една четвртина

Русија експресно расте, скок за дури една четвртина

Рускиот извоз од јанури до крајот на септември 2017 година порасна за речиси една четвртина и достигна 255 милијарди долари, вели премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.

„Раст на извозот е остварен кај многу видови на производи – во три квартали оваа година рускиот извоз изнесуваше 255 милијарди американски долари, според прелиминарните статистички податоци. Во споредба со истиот период минатата година, извозот е зголемен за речиси 52 милијарди долари или за една четвртина. Се на се, тоа е добра динамика“, изјави тој, пренесува агенцијата Тас.

Според зборовите на Медведев, растот на светските цени делумно е заслужен за порастот на вредноста на извозот.

„Меѓутоа, важен, а можеби и главен фактор кој придонесе за тој резултат е зголемувањето на физичкиот обем на испорака на нашите производи во странство“, изјави рускиот премиер.

Истовремено, напомена дека мерките кои државата ги презема за да го поттикне извозот и овозможиле таков став. Медведев наведе дека малите и средни претпријатија имаат значителен удел меѓу извозниците, додава Тас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП