8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУвозните цени во Германија растат 12 месеци по ред

Увозните цени во Германија растат 12 месеци по ред

Увозните цени во Германија продолжуваат да растат во октомври, истакнувајќи го забрзувањето на инфлацијата во еврозоната, објави „Фајненшал тајмс“.

Тие пораснаа за 2,6% на годишна основа, според податоците на федералното статистичко биро „Destatis“. Ова е 12-ти последователен месечен раст.

Вредноста ги исполни очекувањата и забави малку во споредба со септември, кога изнесуваше 3 отсто.

Со исклучок на цените на нафтените продукти кои се променливи, увозните цени се зголемија за 2,2 проценти на годишна основа во октомври.

Податоците го истакнуваат напредокот во еврозоната, кој избегна дефлација. Ова, исто така и даде доверба на Европската централна банка (ЕЦБ) за да почне да го намалува обемот на купени обврзници, рече „ФТ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП