3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо која земја во ЕУ се најзадоволни од животот?

Во која земја во ЕУ се најзадоволни од животот?

Меѓу граѓаните на Чешка владее најголемо незадоволство од животот во Европската унија, покажа истражувањето на Евробарометар.

Сепак, и во Чешка преовладува позитивното мислење за живот во ЕУ – 58 проценти се задоволни, 36 проценти не се задоволни. Дури пет проценти од Чесите немале одговор на прашањето за задоволството да се живее во ЕУ.

На второ место од листата со најнезадоволни со животот во ЕУ се Грците (34 проценти), а зад нив се Унгарците (33 проценти).

Сепак, во сите 28 држави членки на ЕУ позитивно мислење имаат повеќе од 50 проценти од граѓаните. Најмалиот процент на задоволни е во Унгарија (57 проценти), а следат Чешка (58), Грција и Романија (62 проценти), Бугарија (65 проценти) и Италија (66 проценти).

Најзадоволни се државјаните на Луксембург – дури 97 проценти од нив дале зелено светло за животот во ЕУ. Зад нив се Ирците (94 проценти), Холанѓаните и Данците (92 проценти) и Швеѓаните (90 проценти).

Во Германија 89 проценти од граѓаните се задоволни, а дури шест проценти не се задоволни.

Во просек, граѓаните на Европската унија се и повеќе од задоволни со животот во оваа заедница – 78 наспроти 16 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП