19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Shell ќе полнат електрични автомобили за 5 минути

Во Shell ќе полнат електрични автомобили за 5 минути

Британско-холандскиот гигант во секторот на суровините „Shell“ најави соработка со германските производители на автомобили за изградба на брзи станици за полнење на електрични автомобили. „Shell“ се приклучи на заедничкиот проект „Ionity“ на „BMW“, „Daimler“, „Volkswagen“, „Audi“, „Porsche“ и „Ford“, најави нафтената компанија во почетокот на неделата.

Во следните две години „Shell“ планира да создаде мрежа од станици за брзо полнење во неколку европски земји. Предлогот првично ќе опфаќа 80 магистрални патишта.

Неодамна австриската нафтена компанија „OMV“ исто така, најави дека сака да ги модернизира своите бензински пумпи, за да може да ги користат и електричните автомобили. Германскиот енергетски гигант „EON“ пак се соедини со данскиот оператор во областа на електричната мобилност „Clever“ за да се изгради мрежа од станици за брзо полнење на автомобили по европските патишта, додека ЕУ се обидува да ја стимулира широката достапност на електрични автомобили.

Плановите на „Ionity“ за Европа за 2020-та година вклучуваат создавање на можност за полнење на главните европски патишта. Функцијата за брзо полнење на станиците е наменета да ги направи електричните возила соодветни за подолги патувања. Досега атрактивноста на електричните автомобили страда токму од релативно краткиот опсег на движење со едно полнење и недостатокот на доволно места за брзо полнење.

Со новите станици за брзо полнење тоа треба да се промени. Според „Shell“ процесот на полнење од нула моќност до полна батерија со „Ionity“ може потенцијално да биде намален до меѓу пет и осум минути. Тоа е незначително повеќе време од потребното за време за полнење на автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП