Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно влажни коловози. На повисоките места во североисточните и источните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на „Македонија пат“, информира АМСМ.

Поради појава на магла, видливоста на планинските премини Плетвар и Ѓавато е намалена до 100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.