4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено учество на „Чајна енерџи“ во повеќе проекти во Македонија

Најавено учество на „Чајна енерџи“ во повеќе проекти во Македонија

Премиерот Зоран Заев, заедно со владиниот економски тим, вчера во Будимпешта оствари средба со потпретседателот на бордот на директори на компанијата „Чајна енерџи“, Динг Јанжанг, и други претставници на менаџментот на компанијата.

„Од компанијата, која има отворено свое претставништво во Скопје, истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата ги следи активностите на новата Влада и најави учество на 5 проекти во претстојниот период. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките што следуваат во претстојниот период, посебно за проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката“, соопшти владината прес-служба.

Од таму наведуваат дека на средбата се разговарало и за новите владини политики за економски раст и привлекување нови инвестиции за кои, како што се вели во соопштението, претставниците на кинеската компанија покажале сериозен интерес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП