Времето денес ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во источните делови ќе има услови за повремен слаб снег. Од пладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната од -1 до 5 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Температурата во интервал од 0 до 4 степени.
Во среда наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе биде претежно сончево и без врнежи. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини ќе има и врнежи од снег. В четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.