6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев оствари средба со менаџментот на „Хуавеј“

Заев оствари средба со менаџментот на „Хуавеј“

Во рамките на дводневниот престој на владината делегација во Будимпешта на самитот 16+1, премиерот Зоран Заев придружуван од економскиот владин тим денеска оствари средба со Дејвид Танг, претседател на „Хуавеј“ за регионот на централна и источна Европа и нордиските земји и други претставници на менаџментот на компанијата.

На средбата, како што соопшти Владата, се разговарало за идните перспективи на соработка помеѓу компанијата „Хуавеј“ и Република Македонија, за идните инвестициски чекори, но и за новите иновации и паметни технологии што ги лансира компанијата. Било заклучено дека во Македонија се создадени услови за развој на стабилна бизнис-клима и поволни услови за нови инвестиции.

„Претставниците на „Хуавеј“ ги презентираа новите паметни технологии што ги развиваат за кои рекоа дека се апликативни за развој на т.н. паметни градови. Во таа насока тие го претставија новиот проект на паметно осветление за што изразија интерес да им го понудат на општините како иновативно решение што нуди можност за заштеди на општинските буџетски пари“, се вели во соопштението.

На средбата била изразена согласност дека соработката со „Хуавеј“ ќе продолжи да се интензивира и дека новите владини економски политики и планот за економски раст обезбедуваат солидна основа за нови инвестиции и соработка на заеднички проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП