17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКриминалците го користат Airbnb за перење пари?

Криминалците го користат Airbnb за перење пари?

Криминалците одамна бараат начини како да ги користат онлајн продавниците за перење пари. Гласините сега се дека сајтот за краткорочното изнајмување на имот, „Airbnb“ е жртва на нешто слично. Според една статија на „Daily Beast“, руски измамници ја користат услугата, за да перат пари од украдени кредитни картички со помош на корумпирани домаќини, пишува „Engadget“.

Медиумот тврди дека за целта криминалците регрутираат луѓе во рускојазичните криминални форуми, а во своите објавувања наведуваат дека бараат сè – од соучесници до пробиени сметки.

Откако ќе создадат или купат сметки на „Airbnb“, измамниците ги користат за да побараат резервација од домаќините-соработници. Последните испраќаат дел од нивниот профит, според експертот за сајбер безбедноста Рик Холанд.

Легитимните домаќини исто така им помагаат на криминалците да ги заобиколат барањата на „Airbnb“ за обезбедување на личен документ, иако фирмата јасно вели дека не може да биде одговорна за потврдувањето на идентитетот на секого.

Според „Daily Beast“ измамници избираат домаќини, кои можат да соберат до 3.000 долари одеднаш, а операциите се вршат во Русија и во Европската унија. Сепак, тешко е да се процени степенот до кој е злоупотребата на „Airbnb“.

Во одговор „Airbnb“ ги посочува своите алгоритми за машинско самостојно учење, како дел од својата одбрана против „сомнителната активност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП