21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагадениот воздух ќе се мери и во Бутел, за други градови и...

Загадениот воздух ќе се мери и во Бутел, за други градови и населби мерни станици нема

Квалитетот на воздухот од крајот на годинава ќе се мери и во Бутел во времетраење од една година. Министерството за животна средина мобилната мерна станица што ја доби од странски фондови нема да ја искористи за проверка на загадениот воздух во другите градови, а нема ниту најави за поставување нови.

„Мобилната мониторинг-станица ќе се постави за почеток во Скопскиот Регион поради големата густина на населението на мала површина и можната појава на повисоки концентрации на загадувачките супстанции, а понатаму би се поставила и во западната зона и во источната зона“, велат од Министерството.

Во моментот на територијата на град Скопје поставени се 5 станици, и тоа 2 во општина Центар, и по една станица во општина Аеродром, Гази Баба и во Карпош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП