19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во канцеларии во центарот на Лондон се зголемуваат

Инвестициите во канцеларии во центарот на Лондон се зголемуваат

Инвестициите во пазарот на канцеларии во централен Лондон се зголемуваат во текот на оваа година, кириите остануваат стабилни, а крајниот ризик за работните места, поврзан со „Brexit“, е преценет, се наведува во извештајот на консултантската компанија „JLL“, цитиран од онлајн изданието „propertywire.com“.

Од почетокот на годината до крајот на септември, инвестициите во лондонските канцеларии достигна 12,5 милијарди фунти. Ова се досега најсилните девет месеци за пазарот. Споредено со истиот период во 2016-та година, зголемувањето изнесуваше 44%.

До крајот на годината, инвестициите во канцелариите во центарот на Лондон се очекува да достигнат 18 милијарди фунти. Ако се остварат предвидувања, тоа ќе биде една од најсилните години на пазарот.

Според извештајот, и покрај тековната неизвесност за работните места во финансискиот сектор поради „Brexit“, ризикот е преувеличен. Првичниот силен пораст во изнајмување на деловен простор создаде услови за приспособување на пазарот, но ова не се случило.

Исто така, нема агресивно преголемо снабдување со канцелариски простор забележано со претходно прилагодување на пазарот. Уделот на слободното земјиште останува на ниско ниво, а следната година се очекува скромно количество ново земјиште да излезе на пазарот.

Во изминатите 12 месеци на пазарот на канцеларии во централен Лондон се апсорбираат речиси 11,3 м2, што е над десетгодишниот просек од 9,9 милиони м2.

Исто така постојат и нови извори на побарувачка од секторите за животни науки и технологија и медиуми кои ја надополнуваат слабоста на финансискиот сектор.

Лондон останува атрактивен за глобалниот капитал, при што инвестицискиот проток во Хонг Конг се зголемува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП