9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Буџетот е домаќински и ги отсликува реалните потреби на граѓаните

Тевдовски: Буџетот е домаќински и ги отсликува реалните потреби на граѓаните

„Буџетот за 2018 година е реален, проектиран е врз основа на економските параметри на глобалната и домашната економија и со него се предвидува економски раст од 3,2 и инфлација од 1,7 отсто“, рече во своето излагање пред пратениците министерот Драган Тевдовски на Комисијата за буџет и финансирање. Тој додаде дека буџетот е домаќински и е проектиран за да ги задоволи реалните потреби на граѓаните.

„Буџетот е реален, не предвидува расипништво со народните пари. При проектирањето се водевме кон цврстата определба на Владата за ефикасно, домаќинско, транспарентно и општествено-корисно трошење на средствата. Клучните приоритети кои планираме да ги постигнеме се повисок раст на економијата, раздвижување на производстовото и зголемување на вработувањата. Овие очекувања се согласно со етапното заздравување на економијата од политичката криза и враќање на довербата кај инвеститорите. Исто така, со буџетот ќе биде ставен акцент и на зголемување на нивото на социјална правда и интензивирање на евро-интеграциските процеси“, рече Тевдовски во експозето пред пратениците.

Министерот образложи на кој начин ќе се полни и празни државната каса.Така се предвидува вкупните приходи да изнесуваат 193,5 милијарди денари, односно 3,1 милијарда евра. Како што рече тој, најголем дел од нив се даночни приходи во висина од 148 милијарди денари, а во нив спаѓаат и средствата кои ќе се соберат од зголемувањето на акцизата за нафта.

„Зголемувањето на акцизата за 3,5 денари ќе придонесе за зголемување на буџетските приходи, а од друга страна предвидено е да се намали загадување на воздухот и да се намали потрошувачката на нафта. Очекуваме позитивни ефекти, кои се во согласнот со европските практики“, рече Тевдовски.

Од државната каса како расходи се предвидени 211,7 милијарди денари, односно 3,4 милијарди евра. Како што информираше министерот, од нив дел се предвидени за поддршка на домашната економија за плати, за социјални трансфери, капитални инветиции и враќање на долгови.

„Предвидено е и зголемување на платите на армијата за 10%, 133 милјарди денари се предвидени за социјални трансфери и пензии кои ќе бидат исплатени согласно најавеното законското усогласување, а 24,6 милијарди денари одвоивме за капитални инвестиции при што најголем дел се за инфраструктурни проекти во сообраќајот и железницата. Сакам да нагласам дека во 2018 ќе водиме рестриктивна буџетска политика, при што 200 милиони денари помалку е предвидени за стоки и услуги“, додаде Тевдовски.

Како што информираше министерот, наредната година предвидено е намалување на буџетскиот дефицит од 2,9% на 2,7%, а тоа ќе се одвива согласно со програмата за финансиска консолидација. Тевдовски додаде дека во 2018 година мора да се изврши сервисирање на старите долгови, од претодните две обврзници од 2014 и 2015 година, при што следната година ќе мора да се вратат 925 милиони денари. Министерството за финансии планира задолжување кај домашните кредитори, но и од странство при што министерот рече дека не е исклучена можноста за издавање еврообврзница или задолжување кај странски кредитори по поволни каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП