27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките од ЕУ повлекоа 350 милијарди евра од активи на Британија

Банките од ЕУ повлекоа 350 милијарди евра од активи на Британија

Европските банки повлекоа од активи поврзани за Британија 350 милијарди евра од јуни 2016 година.

Тогаш Британците на референдумот гласаа за отстапување од ЕУ, до јуни 2017, наведува Фајненшл Тајмс повикувајќи се на извештајот на Европската банкарска управа (EBA).

Ви истиот период – за само една година, останатите 27 држави членки на ЕУ ги намалиле своите вкупни средства поврзани за Британија од 1,94 на 1,59 билиони евра, покажуваат официјалните податоци на ЕУ.

Покрај тоа, во текот на тој период вкупниот износ на финансиски обврски на банките опаднал од 1,67 на 1,34 билиони евра, а се очекува дека тој тренд ќе расте во пресрет на рокот за завршување на процесот за Брегзит, односно до март 2019 година.

Според извештајот на EBA, објавен во петокот врз основа на истражувањата, третина од европските банки е загрижена поради правниот ризик во случај Британија да излезе од ЕУ без нов договор, а тие ризици подразбираат неизвесност во врска со финансиските договори, заштитата на податоци и начинот на извршување на судските одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП