2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГлобалната трговија на играчи вреди 6 милијарди долари

Глобалната трговија на играчи вреди 6 милијарди долари

Фудбалските трансфери беа во центарот на спортските страници во водечките вести на глобалните медиуми во оваа година, кога во текот на летото ПСЖ го подобри, или речиси постигна недостижен светски рекорд, за да ја украде бразилската ѕвезда Нејмар од Барселона.

Францускиот клуб плати преголема сума од 222 милиони евра за играчот – над два пати повеќе од претходниот рекорд поставен кога Пол Погба кој се врати во Манчестер јунајтед од Јувентус за 89 милиони фунти во август 2016-та година, пишува во својата анализа за „BBC“, Бил Вилсон.

Но, овој озлогласен договор, сепак, беше само видлив „врв“ на огромната индустрија, имено меѓународното тргување со фудбалери, сè повеќе станува глобален бизнис.

Последните податоци од ФИФА, институцијата која управува со овој спорт, покажуваат дека досега оваа година имало 15.291 меѓународни трансфери, за кои биле потрошени рекордни 6 милијарди долари (4,58 милијарди фунти).

При меѓународните трансфери даден фудбалер преминува од тим од една земја во таков од друга земја, за разлика од внатрешните под кои соодветниот играч ја променува клупската припадност во иста држава.

Оваа рекордна бројка што едвај ќе се промени до крајот на годината, бидејќи трансфер прозорците во најголемите европски првенства ќе бидат отворени повторно дури кон крајот на јануари, претставува 25% зголемување во однос на 4,8-те милијарди долари потрошени во минатата година.

Кина го одврза ќесето

„Постојат два движечки фактори зад големите трошоци“, вели Хари Филип, експерт за фудбалски финансии во консултантската куќа „Portland Advisers“ од Лондон.

„Првиот е појавата на Кина и огромните суми за трансфери, кои тие се подготвени да ги платат, а вториот – парите кои тимовите од Премиер лигата на Англија може да ги дадат благодарение на нивните се попрофитабилни телевизиски договори. Овие фактори ја зголемуваат вредноста на глобалниот пазар“.

Навистина, кинеските клубови минатата година потрошиле 451 милиони долари за играчи – зголемување од 168 отсто. Ова ги става петти во светот по Англија, каде што тимовите потрошиле 1,37 милијарди долари за глобалните ѕвезди, по што следат Германија, Италија и Шпанија.

„Брзoтo темпо на раст (на кинеското трошење) е без преседан“, забележува ФИФА. „Една од клучните цели, негување на трансферната манија во Кина, е да биде зголемено целокупното ниво на фудбалот во земјата, за да може нејзиниот национален тим да се рангира за Светското првенство едвај по втор пат во својата историја по своето деби во 2002-ра година“.

Има значително зголемување на инвестициите во кинескиот фудбал во последниве години, што беше придвижуван од плановите на претседателот Си Џинпин да ја претвори Кина во голема фудбалска земја – таква која еден ден ќе може да биде домаќин и на крајот да триумфира на Светското првенство.

Пат за извлекување од сиромаштијата

Кинеските клубови инвестираат речиси исклучиво во европските играчи, но не задолжително во Европејците.

Многумина кои стекнале слава во Источна Азија се Јужноамериканци. Податоците на ФИФА покажуваат дека Бразил и Аргентина се земји со најмногу трансфери во светот.

„Без оглед на тоа како функционира нејзиниот национален тим, Бразил продолжува да продуцира млади фудбалери кои се продаваат низ целиот свет“, истакна Филип. „Ова е социо-економски феномен, како фудбалот се уште е пат за извлекување од фавелите и начин за еден млад играч да го поддржува финансиски своето семејство“, смета тој.

Бразил не само што „раѓа“ талентирани играчи за извоз – нејзините ѕвезди сега играат во 118 држави, но и вкупниот износ, акумулиран од нивните трансфери минатата година достигна 594 милиони долари – показател со кој земјата е на прво место во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП