9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите во паника: Кинезите ни ја земаат традицијата

Французите во паника: Кинезите ни ја земаат традицијата

Кинезите доаѓаат во Франција и ги преуредуваат традиционалните производи, ги менуваат називите на местата…

Сето тоа предизвикува фрустрации меѓу локалното население.

Меѓутоа, Флорин Ливат, вонредниот професор по економија, изјави дека нивните грижи се само делумно оправдани.

Станува збор само за економски стратегии, изјави Ливат, наведувајќи дека нивното право да го променат називот на брендот или местото е „ дел од широката маркетинг стратегија“.

„Кинескиот пазар веројатно ќе стане голем потрошувач на вино на светско ниво. Нема сомнеж дека тие ќе работат на квалитетот, но некои други фактори како климатските промени, би можело да предизвикаат променти на сортата и вкусот“.

Она што во суштина се менува, како што изјави, е управувањето и потенцијално техниките на кои работат новите инвеститори.

Реномираната локација, како и наследството како винарството во Франција, сигурно ќе останат недопрени, ако не се развијат, изјави таа.

Се верува дека околу 160 засади во Бордо сега се во сопственост на Кинези, вклучувајќи ги и инвеститорите со седиште во Хонг Конг. Кинеската потрошувачка на висококвалитетно француско вино скокна во последните неколку години.

„Кина е сега огромен фокус и таму го зголемивме извозот на околу 70 проценти од нашето производство“, изјави Даниел Ли, менаџер за недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП