26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови на Ѓорче, Илинден, Карпош, Студеничани и Бутел утре без струја

Делови на Ѓорче, Илинден, Карпош, Студеничани и Бутел утре без струја

Без електрична енергија утре ќе останат делови на општините Ѓорче Петров, Илинден, Карпош, Студеничани и Бутел поради изведување технички зафати во мрежата.

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека утре од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе биде населбата Кисела Јабука, подулиците 20 и 22 – Црквиште, а од 08:45 до 15 часот „Макпетрол“, „Мулти пром“, фармата „Прима“, Колид, Чукур, Јурумлери и пумпите Бунарџик во општина Илинден.

Од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе останат жителите од улицата „6“ во селото Бардовци и околу црквата и гробиштата во општина Карпош, а од 9 до 13 часот улиците 1, 6, и 7 во селото Батинци.

Без струја ќе бидат и жителите од селото Кучково, рудник „Радуша“, село Гражани, викенд населбата „Веле Поле“, селото Кондово, Караулата Ќашка, викендичките во Кучково во периодот од 9 до 13 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП