27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКупувачот на Alitalia треба да носи туристи и да ја чини државата...

Купувачот на Alitalia треба да носи туристи и да ја чини државата што помалку

Приоритет во разгледувањето на понудата за продажба на авиoкомпанијата „Alitalia“ е одржувањето на врските кои носат туристи и стопанственици во оваа јужноевропска земја.

Тоа го изјави италијанскиот министер за економија Карло Календа, кој наведе дека вториот приоритет е од државната каса за тоа да се издвојат што помалку пари, а третиот е да се заштитат вработените во „Alitalia“.

Како што наведе, потрошени се осум милиони евра од државните пари за компанијата да се одржи во живот, а резултат од тоа е што „Alitalia“ е се помала и подисфункционална“.

„Да ја продадевме „Alitalia“ на некој голем меѓународен играч би имале подобра услуга и не би фрлиле толку пари“, изјави италијанскиот министер.

Италијанската влада планира да ја заврши продажбата на националниот авипревозник до април следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП