1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши се сретна со грчкиот заменик министер за економија Питциорлас

Бектеши се сретна со грчкиот заменик министер за економија Питциорлас

Во рамки на посетата на владината делегација на Будимпешта, министерот за економија Крешник Бектеши оствари неформална средба со заменик министерот за економија и развој на Република Грција, Стергиос Питциорлас.

Во духот на градење пријателски добрососедски односи и релации беа изразени очекувања за унапредување и интензивирање на соработката меѓу двете земји на економски план, а како што беше потенцирано посебно внимание ќе биде посветено на енергетското и инфраструктурно поврзување на двете земји.

Министерот за економија, Бектеши порача дека заеднички интерес е економиите во двете земји да бележат раст, да се унапредува квалитетот на живот на сите граѓани и во тој дух важно е интензивирањето на соработката.

Беше оценето дека двете земји во иднина ќе работат заедно на регионални проекти важни за интересот на граѓаните од двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП