25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСписанието Time ќе добие нови сопственици

Списанието Time ќе добие нови сопственици

„Time Inc.“ ќе биде продаден за 1,84 милијарди американски долари на американскиот ривал „Meredith“, објавија компаниите. Купувачот со седиште во Ајова ќе биде финансиски поддржан од браќата Чарлс и Дејвид Кох.

Земајќи ги во предвид и наталожените обврски, „Time“ се проценува на 2,8 милијарди долари, објавија двете компании во неделата. Договорот се очекува да се затвори до крајот на првиот календарски квартал од 2018-та година.

„Meredith“ ќе плати 18,50 долари за сите останати акции на „Time Inc.“.

„Time Inc.“ беше одделен во 2014-та година од страна на „Time Warner“, медиумскиот и забавен концерн. Освен истоименото списание издавачката куќа е позната и со списанијата „Sports Illustrated“ и „Fortune“.

Во последните години, сепак компанијата падна во тешкотии, бидејќи тиражот бележи пад, како и бројот на реклами. Во третиот квартал, приходите паднаа за 10 отсто на 679 милиони долари. Менаџментот на „Time“ реагираше со намалување на трошоците, нова дигитална стратегија и дури размислуваше за продажба на одделни списанија.

Купувањето е успех за медиумскиот гигант. Претходно, „Meredith“ на два пати не успеа да преговара за „Time Inc.“.

„Meredith“ додава дека индустриското семејство Кох, сопственик на „Koch Industries“ и некое со поддршката за конзервативците, исто е кредитор на трансакцијата, но нема да се здобие со право да се меша во новинарските работи и одлуките на менаџментот.

Во минатото Кох имаа интерес за купување на голем број медиуми, меѓу кои весниците „Los Angeles Times“ и „Chicago Tribune“.

„Meredith“ истакнува дека „Koch Equity Development“, инвестициската единица на „Koch Industries“, ќе го финансира договорот со 650 милиони долари.

Меѓу брендови на „Meredith“ се „Better Homes & Gardens“, „Allrecipes“, „Parents“ и „Shape“. Компанијата, исто така, има 17 локални новински станици на 12 пазари.

По трансакцијата „Meredith“ очекува штедење во износ од помеѓу 400 и 500 милиони долари за првите две години по трансакцијата. По купувањето на изданијата на двете компании заедно ќе стигнат до 200 милиони корисници, а дигиталниот медиумски бизнис ќе достигне до 170 милиони месечни единствени корисници во САД.

„Meredith“ и „Time Inc.“ генерираа вкупни приходи од 4,8 милијарди долари во 2016-та година, вклучувајќи ги општите рекламни приходи од 2,7 милијарди долари (700 милиони долари биле од дигиталната реклама) и чист оперативен профит од 800 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП