9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрифатени апликациите на 424 млади земјоделци: Ќе добијат неповратни 10.000 евра

Прифатени апликациите на 424 млади земјоделци: Ќе добијат неповратни 10.000 евра

Годинава Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, од Програмата за рурален развој, ќе склучи 424 договори, со земјоделците кои ги исполнија критериумите при аплицирањето на најавените мерки за поддршка на млади земјоделци.

Тие ќе добијат неповратни 10.000 евра, што можат да ги користат за набавка на земјоделска механизација и за инвестиции во производствени капацитети. Ова го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, по повод потпишувањето на првите договори за мерката.

„Мерката постоеше и во претходните години, но по критериум „прв дојден прв усложен“, што отвораше сомнеж дали овие пари завршуваа кај вистинските земјоделци. Нашата аграрна политика е јасна – секој денар од субвенциите од секоја мерка, мора да се исплати на вистинските земјоделци. За таа цел во годинешната Програма за рурален развој го отсртанивме претходниот критериум, и воведовме нови критериуми, со единствена цел овие неповратни 10.000евра да завршат кај оние млади земјоделци кои навистина сакаат да се занимаваат со земјоделство, кои ќе ги искористат парите за сериозна инвестиција, ќе внесат нови технологии, од што придобивка ќе има и вкупното земјоделско производство“, изјави Николовски и додаде дека лани за истата мерка се склучени само 124 договори.

Николовски ја образложи и процедурата на исплата, појаснувајќи дека платежната агенција веќе ги известила сите 424 земјоделци дека им се прифатени апликациите и им пратила допис со датум и време на потпишување на документите.

„По потпишувањето на договорите, корисниците треба започнат со реализација на инвестицијата. Временскиот рок за реализација на инвестицијата е 6 месеци. По реализација на инвестицијата, барателот треба да поднесе барање за исплата до Платежната агенција, заедно со потребната документација од инвестицијата односно фактури, испратници, доставници, изводи од банка за транскациите, најдоцна до 1-ви јуни 2018 година
По обработката на барањата за исплата, Платежната агенцијата, испраќа контрола на лице место, која што ќе ја констатира фактичката состојба со инвестицијата на терен. Доколку се совпаѓаат податоците од контролата и договорот, Агенцијата веднаш ќе изврши исплата на парите. Тоа значи дека, доколку годинава ја реализирате инвестицијата или набавите механизација, оваа година ќе имате исплата на неповратени 10.000 евра“, рече Николовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП