9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе зголемува бројот на компании кои си заминуваат од Каталонија

Се зголемува бројот на компании кои си заминуваат од Каталонија

Над 2.700 компании ги преселија своите правни адреси од Каталонија во други населени места во Шпанија поради политичката нестабилност во регионот, објави „Периодико“, цитиран од агенциите.

Според инфомацијата од 2-ри октомври (ден по референдумот за независност во Каталонија), 2.745 компании одлучија да го напуштат автономниот регион. Повеќето од нив биле регистрирани во провинцијата Барселона. Во четвртокот, само 21 бизнис се повлече од регионот.

На 6-ти октомври, шпанската влада одобри декрет кој им олеснува на компаниите да ја пренесат својата правна адреса низ целата земја. Корпоративниот закон беше изменет, така што одборот на директори на компаниите беше надлежен за таква промена. Промената им овозможи на фирмите во Каталонија да ја преместуваат правната адреса во друга шпанска област, без да е потребно да свикуваат вонредно генерално собрание на акционерите за таа цел, потсетуваат агенциите.

На 27-ми октомври, каталонскиот парламент ја одобри резолуцијата за прогласување независна република чија акција веќе беше суспендирана од страна на Уставниот суд на земјата. Сенатот (Горниот дом на парламентот) на Шпанија го одобри барањето на Мадрид за активирање на член 155 од Уставот на кралството, кој никогаш порано не бил администриран и овозможува да биде ограничена самоуправата на Каталонија.

По одобрувањето, шпанскиот премиер Маријано Рахој рече дека е одлучено да се отстрани лидерот на Каталуња, Карлес Пукамон и членовите на неговата влада. Покрај тоа, премиерот го распушти каталонскиот парламент и закажа избори на 21-ви декември во Автономната заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП