3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEni ќе започне да истражува гас во два блока крај Кипар до...

Eni ќе започне да истражува гас во два блока крај Кипар до крајот на годината

Италијанската компанија „Eni“ планира да почне со работа во два блока во близина на Кипар, според договори со кипарската влада за истражување на нафта и гас. Ова е соопштено од страна на компанијата по состанокот помеѓу извршниот директор Клаудио Декалци и претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис.

Плановите треба да започнат до крајот на годината со истражување во „Блок 3“ од Ексклузивната економска зона на Кипар, каде што „Eni“ е партнер со „Kogas“, како и „Блок 6“ каде што италијанската компанија се здружи со „Total“.

Во текот на летото беа направени сондажи во „Блок 11“ покрај брегот на Кипар. Тие предизвикаа многу негативна реакција од страна на Турција, но тие, исто така, се покажаа разочарувачки за инвеститорите во проектот, „Total“ и „Eni“.

Меѓутоа, италијанската компанија може да биде задоволна од својата работа во регионот по откривањето на огромното поле „Зохр“, кое се наоѓа на брегот на Египет.

„Ние веруваме во Кипар“, рече Декалци по состанокот со кипарскиот претседател. Според него, островот е „природен мост“ за Европа, кој увезува повеќе од 70% од гасот што го троши, додава „ABC News“.

Проценките на „Eni“ се дека потрошувачката на природен гас во Европа во изминатата година е зголемена за 5% и трендот ќе продолжи во текот на следните две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП