1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа се посилна, ветер во грбот на заедничката валута

Европа се посилна, ветер во грбот на заедничката валута

Еврото зајакна трет ден по ред бидејќи серијата европски деловни истражувања укажаа на се посилни перспективи за економски раст на регионот.

Еврото порасна за 0,2 проценти во однос на претходниот ден на 1,1847 долари, и не се одалечи премногу од едномесечниот максимум од 1,1862 долари, забележан минатата недела.

Во меѓувреме, доларот ги намали загубите откако го забележа најголемиот пад во последните пет месеци, со оглед на тоа дека инвеститорите ги намалија улогите на изгледите за зголемување на каматната стапка за следната година во САД, на база на записниците од последниот монетарен состанок на Федералните резерви.

Доларскиот индекс се спушти за 0,1 проценти во однос на кошницата валути вчера, на 9,15 поени, по падот од 0,8 процетни на претходното тргување, што е најголемиот дневен пад од месец јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП