2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Црниот петок“ го зголеми богатството на Безос на повеќе од 100 милијарди...

„Црниот петок“ го зголеми богатството на Безос на повеќе од 100 милијарди долари

Богатството на основачот на „Amazon.com Inc.“ се зголеми за 2,4 милијарди долари на 100,3 милијарди долари, откако акциите скокнаа за повеќе од 2 отсто, поради оптимизмот за продажбата во текот на „Црниот петок“.

Онлајн купувањата во текот на денот пораснале за 18,4% во однос на претходната година, покажуваат податоците на „Adobe Analytics“, а инвеститорите се обложуваат дека компанијата ќе преземе поголем дел од онлајн трошоците во сезоната на празниците, пренесува „Bloomberg“.

„Amazon“ рекламира значителни попусти, како дел од понудите од „Црниот петок“, особено за производи кои го олеснуваат купувањето на други од „Amazon“.

Компанијата нуди големи попусти за најновите апарати за паметни домови „Echo“ и „Echo Plus“ кои овозможуваат лесни наредби од „Amazon“ преку вградениот гласовен асистент „Alexa“. Исто така во продажба се таблетите „Fire“ (кои сега исто така се одликуваат со „Alexa“) и новите модели „Kindle“, кои се одлични уреди за читање на електронски книги, купување од, се разбира, „Amazon“.

Компанијата исто така нуди попусти за голем број на производи од други производители, вклучувајќи телевизори „Sony“, играчки „K’NEX“, јадењата „Rubbermaid“ и различни паметни уреди за дома, кои можат да се синхронизираат со нивниот „Echo“.

Границата од 100 милијарди долари го направи Безос првиот човек кој има 12-цифрено нето богатство од 1999-та година, кога основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс го достигна овој праг, дополнува „Bloomberg“.

Во јули Безос го надмина Гејтс како најбогат човек во светот. Нето богатството на Гејтс се намали, бидејќи ги забрза своите филантропски напори. Во јуни, Гејтс донираше 64 милиони добротворни акции на „Microsoft“, најголема донација од основањето на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс во 2000-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП